fbpx

Кафетериите и рестораните, наместо до 22:00 часот, ќе работат според работно време утврдено во нивните лиценци

 Кафетериите и рестораните, наместо до 22:00 часот, ќе работат според работно време утврдено во нивните лиценци

Владата на Република Северна Македонија, на 70-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега беше определено со овие протоколи. Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“.

Share via
Copy link
Powered by Social Snap