Дополнителната заменик министерка Петровска во посета на Граничниот премин Богородица
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, заедно со државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска го посетија граничниот премин “Богородица“ каде што имаа работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи “Југ“ и на Полициската станица за Граничен надзор и гранични работи “Богородица“, а на која што се разговараше околу актуелните состојби на овој дел од границата на нашата држава, како во контекст на илегалната миграција и криумчарење мигранти, така и од аспект на превенцијата од епидемијата од “ковид 19“.