Спасе Стојанов од Шихан Струмица и Мила Саздовска од Работнички се победници во категоријата сениори/јуниори – Фукого на Државниот онлајн шампионат во традиционално карате во Кихон. На шампионатот земаа учество 15 клубови со 68 натпреварувачи. Во кадетска конкуренција победи Александра Стојановска од Шихан Струмица. Натпревари беа организирани и за најмладите, од 6 до 13 години.
Арбен Тафа од денеска и официјално е нов фудбалер на Беласица. По најавата на СПОРТМЕДИА дека двете страни се во преговори, попладнево стигна и потврда. Струмичани со специјално видео го промовираа своето ново засилување. Тафа кој досега беше дел од екипата на Струга Трим Љум, во новата сезона ќе ги брани боите на струмичкиот клуб.
Тренерот на Академија Пандев, Александар Таневски останува на тренерската позиција на струмичкиот прволигаш. Двете страни со задовоството ја продолжија соработката, а Таневски потполно се вклопува во стратегијата на клубот особено кон давање шанса и подигање на квалитетот на младите играчи во сениорскиот тим. Таневски за помошни тренери ги назначи Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар […]
Костадин Захов, еден од нашите најдобри голмани во ПМФЛ, е трансферна цел на најмалку два наши клуба. Имено чуварот на мрежата на Шкендија, бил интересен за Шкупи и Беласица, и чаирчани и струмичани го посакувале искусниот голман во своите редови. И двата клуба засега го немаат решено голманското прашање за во наредната сезона. Шкупи го […]
Општина Струмица ќе го реконструира спортското игралиште во населба Чифлик. Како што објави градоначалникот Јаневски, денес е распишана јавна набавка за целосна реконструкција на отвореното спортско игралиште во четвртата урбана заедница и ги повика сите заинтересирани градежни фирми да достават понуди за реализација на овој проект.
Академија Пандев во процесот на подмладување на сениорскиот тим продолжува со потпишување на професионални договори со играчи од својата младинска школа. Денеска Спасе Терзив потпиша прв професионален договор за Академија Пандев. Инаку, Терзиев игра на позицијата централен дефанзивец и е дел од тренажниот процес во сениорскиот тим веќе подолг период, а и стандарден репрезентативец на […]
Искусниот тренер Шефки Арифовски ќе биде дел од стручниот штаб на ФК Беласица. Арифовски кој е повратник во ФК Беласица, зад себе има богата фудбалска кариера како играч, но и како тренер, каде бил член на стручниот штаб во ФК Хоризонт Турново, ФК Слога Југомагнат, ФК Борча Белград, Селектор на младински селекции на Република Македонија, […]
Бразилскиот играч за врска Робсон да Силва е првото засилување на струмичка Беласица по влезот во ПМФЛ. Робсон изрази задоволство од трансферот и исткана дека е благодарен што ќе има шанса уште да игра фудбал во Македонија. „Сакам да се заблагодарам на Беласица што ми овозможија повторно да играм и да го покажам мојот квалитет во Македонија. Се надевам дека со […]
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов и наредната сезона ќе го носи дресот на Хебар од Пазарџик, со кога минатата сезона го освои бугарскиот одбојкарски куп. „Веќе четврта година сум во клубот, условите се одлични и структурите на клубот се најпрофесионално ниво. Уште од почетокот овде сум одличен прифатен и мора да потенцирам дека публиката е најдобра […]
Подготвувајќи се за новата натпреварувачка сезона во која се враќа во Првата македонска фудбалска лига, ФК Беласица официјално го именуваше Ванчо Стојанов за нов спортски директор на клубот. Стојанов, кој е поранешен учесник на три олимписки игри како атлетичар и тренер, освојувач на три балкански златни медали и рекордер на повеќе атлетски дисциплини, прогласуван девет […]