При вчерашната посета на Струмичкиот регион, претседателот Зоран Заев беше на средба со жителите на населеното место Иловица. Со граѓаните, претседателот зборуваше за спроведените мерки и политики, решенијата од новата Програма, а главен фокус беше ставен на темата со рудникот за бакар и злато Иловица – Штука. Пред присутните претседателот Заев нагласи дека тој и […]
Денес, општина Василево започна со градежни активности за изградба на улица во Василево во т.н Стаматска маала. Улицата е со должина од 255 метри и ширина од 3 метри и како што информираше градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев дел од улицата односно 196 метри ќе бидат со асфалт а остатокот односно 59 метри од […]
Општина Василево, со воведување во работа на фирмата изведувач, го официјализираше стартот на изградбата на детската градинка во с. Ангелци. Проектираниот капацитет на градинката е 55 деца, и истата комплетно треба да биде готова за 16 месеци. Градоначалникот на општина Василево во изјавата дадена по тој повод вели: „Во општина Василево, во населеното место Ангелци […]
Вчера околу 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Свети Николе од полициски службеници од Полициска станица Штип, по претходно добиено известување, биле пронајдени девет лица-мигранти од Сирија. За настанот е известен Јавен обвинител и по негова наредба лицата- мигранти се пренесени во ПТЦ „Винојуг“ Гевгелија. Извор: МВР-билтен
Денес настана застој на препумната станица од колекторот за фекални води од населбата Раклиш кон пречистителната станица. Тоа што беше причина за застојот е кожена јакна која беше вшмукана делумно од пумпата. Ова само зборува за тоа колку сме некултурни и неодговорни кон се она што значи општествено добро. Пред околу 50 години се почнало со […]
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат. Согласно набавката предвидени се вкупно две прскања за ларвициди и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна […]
Синоќа на полноќ се урнал потпорниот ѕид во близина на Етнолошкиот музеј во Радовиш. Од урнувањето се оштетени два автомобили, но за среќа во моментот на незгодата немало пешаци. Денес ЈП „Плаваја“ од Радовиш ги расчистило остатоците од коловозот и сообраќајот се одвива нормално. Од Општина Радовиш најавуваат дека оштетениот ѕид ќе се санира.
Вчера во 09:20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш. Според информации од полицијата до пресметката дошло по рочиштето кое било […]
Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 34-та седница на чиј дневен ред беа три точки и истите беа усвоени. Првите две беа од областа на урбанистичкото планирање и се однесуваа на Програмата за урбанистички планови во општина Василево за 2020 година која на оваа седница со Одлука на Советот претрпе измени и дополнување […]
-Како локална самоуправа цврсто стоиме на определбата за подобри услови за граѓаните во сите области, а еколошки здравото и чисто опкружување е предуслов за подобрување на квалитетот на животот и економскиот развој на општината. Токму поради тоа општината вложува во зајакнување на капацитетот на јавното комунално претпријатие, во чија сопственост ќе биде овој камион“, изјави […]