fbpx

Грција утре ќе соопшти дали на 1 јули ќе ја отвори границата и за граѓани од Македонија

 Грција утре ќе соопшти дали на 1 јули ќе ја отвори границата и за граѓани од Македонија

Грција утре ќе ја соопшти нејзината позиција во однос на влезот на државјани од трети земји, ако Европската Унија не се усогласи во одлуката, соопшти денеска портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на брифингот со новинарите.

Тој објасни дека ги очекуваат одлуките од Европската Унија, дека станува збор за тешка дискусија и дека е потребно да се согласат сите земји, но истакна дека доколку не се постигне договор на европско ниво, Грција ќе ја соопшти нејзината позиција.Можеби ќе ве интересира

– За среќа, стасани сме до фаза во која постои листа на земји што по писмена процедура се испраќа до државите членки за до утре да имаме финализирање на оваа листа на земји. Во секој случај, ако не постои договор на европско ниво, најдоцна до утре ќе ја знаете позицијата на Грција, бидејќи од 1 јули ги отвораме сите наши порти за светот – објасни Пецас.

Медиумите во Грција, во изминатите денови, повикувајќи се на извори од ЕУ, пишуваа дека за одреден број трети земји ќе се продолжи забраната за летови кон земјите од унијата, а меѓу државите за кои ќе важи забраната се споменуваше и Северна Македонија, односно дека нема да бидат дозволени летови од нашата земја кон јужниот сосед

Share via
Copy link
Powered by Social Snap