Централниот караван на СДСМ и коалицијата „Можеме“ започнува од Струмица
СДСМ во соопштение објави дека утре (24.06.2020, среда) започнува победничкиот караван на Коалицијата „Можеме“, најголемата, најразнолика и најсилната предизборна коалиција.
„Грижејќи се за здравјето на граѓаните и целосно почитувајќи ги мерките за заштита од КОВИД 19 коалицијата „Можеме“ ќе организира изборна кампaња по строго утврдени протоколи, без митинзи и без посети на домови на семејства. За запознавање со понудата коалицијата „Можеме“ на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми“, пишува во соопштението.
Според нив, за подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции.
„Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи утре во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4 ,претседателот на СДСМ Зоран Заев и Соња Мираковска.
Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела)“, велат од СДСМ.