fbpx

Tags : Радовиш

Откриени девет мигранти на патот Радовиш-Свети Николе

Вчера околу 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Свети Николе од полициски службеници од Полициска станица Штип, по претходно добиено известување, биле пронајдени девет лица-мигранти од Сирија. За настанот е известен Јавен обвинител и по негова наредба лицата- мигранти се пренесени во ПТЦ „Винојуг“ Гевгелија. Извор: МВР-билтен

Шверцер оставил 17 мигранти и автомобил па избегал кај Радовиш

Седумнаесет мигранти биле пронајдени на магистралниот пат Струмица – Штип, а во нивна близина било пронајдено возило. Според информациите на МВР, вчера во 21 часот под надвозникот, кај клучката за Радовиш, од полициски службеници биле пронајдени 17 мигранти, од кои двајца од Пакистан, еден од Сомалија, пет од Иран и девет од Авганистан. Во близина […]

Кожна јакна ја затна пумпата до Пречистителната станица во Радовиш

Денес настана застој на препумната станица од колекторот за фекални води од населбата Раклиш кон пречистителната станица. Тоа што беше причина за застојот е кожена јакна која беше вшмукана делумно од пумпата. Ова само зборува за тоа колку сме некултурни и неодговорни кон се она што значи општествено добро. Пред околу 50 години се почнало со […]

Потпорен ѕид се урна врз автомобили во Радовиш

Синоќа на полноќ се урнал потпорниот ѕид во близина на Етнолошкиот музеј  во Радовиш. Од урнувањето се оштетени два автомобили, но за среќа во моментот на незгодата немало пешаци. Денес ЈП „Плаваја“ од Радовиш ги расчистило остатоците од коловозот и сообраќајот се одвива нормално. Од Општина Радовиш најавуваат дека оштетениот ѕид ќе се санира.

Sticky

Наместо 15, повратот на ДДВ ќе биде 20 проценти за

Граѓаните кои ќе купуваат домашен производ, при скенирање на сметките за поврат на ДДВ наместо 15% отсега ќе добиваат 20%. Ова е утврдено со владина уредба донесена вера, во насока на поттикнување на купување на македонски производи во насока на ревитализирање на македонската економија. „Со поттикнување на потрошувачката на домашните производи и услуги им помагаме […]