Секторот за внатрешни работи Струмица ги известува граѓаните дека денес 22.06.2020 година, во заедничка координирана акција со Државниот пазарен инспекторат, во централното градско подрачје во Струмица, поточно на тротоарите пред и позади ГП “Глобал“ одземена е поголема количина земјоделски и прехрамбени производи од страна на нерегистрирани продавачи. Ваквата активност е произлезена од претходно доставената Молба […]
Синоќа на полноќ се урнал потпорниот ѕид во близина на Етнолошкиот музеј во Радовиш. Од урнувањето се оштетени два автомобили, но за среќа во моментот на незгодата немало пешаци. Денес ЈП „Плаваја“ од Радовиш ги расчистило остатоците од коловозот и сообраќајот се одвива нормално. Од Општина Радовиш најавуваат дека оштетениот ѕид ќе се санира.
Вчера во 09:20 часот било пријавено дека пред Основен суд во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.И.(23), А.И.(29), А.И.(44), Р.И.(42) и Е.Ј.(48), од една страна и А.Ш.(22), Н.Н.(41), Е.Н.(28), И.Н.(66) и У.Н.(17), од друга страна, сите од Радовиш. Според информации од полицијата до пресметката дошло по рочиштето кое било […]
Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева денеска ги слушнаа пресудите за случајот „Рекет“. Јовановски за двете кривични дела е осуден со две затворски казни од по 5 години или единствена казна затвор од 9 години, сметајќи го времето поминато во притвор. Судот ја осуди Јанева на 7 […]